Визија и мисија

Визија

ЈЗУ Психијатриска болница “Скопје“ е современа здравствена установа, лидер во Земјата во примената на широк спектар на современи превентивни, дијагностички и терпевтски методи преку достигнувања на највисокото ниво на стручност и квалитет на пружените услуги и посветеност на барањата на корисниците.

Мисија

ЈЗУ Психијатриска болница “Скопје“ ги следи здравствените потреби во областа на менталното здравје и обезбедува квалитетни и достапни здравствени услуги и сеопфатна грижа во области на менталното здравје за граѓаните на Републиката. Следејќи ги потребите на населението во оваа област ги прилагодува своите услуги и континуирано го унапредува квалитетот на работата.